Добродојдовте на веб страната на асоцијацијата СРИМ ЛАНГЗ’О!
Интернет револуцијата и’ даде на информацијата стратегиска, хетерогена и повеќејазична димензија. Денес, секоја работна организација треба да има вработено лица коишто се способни во најкраток можен рок и по најниска цена да дојдат до потребните информации, да ги обработат и да ги направат достапни за корисниците.
Било да станува збор за “текст мајнинг“, “нолиџ менаџмент“ (НM), интернет пребарувачи, превод со помош на компјутер, терминологија итн...стручњаците за автоматска обработка на природните јазиците - гранка на вештачката интелигенција - им нудат на претпријатијата и на другите работни установи прилагодливи, меѓународни (со стекнато високо образование во областа на странските јазици, лингвистика или информатика) и брзо операционални профили.
СРИМ (истражувачки центар за повеќејазичен инженеринг) овозможува едукација на вакви профили преку организирање на две ДЕСС (постдипломски студии со применета професионална вокација) и тоа: “ДЕСС д’Инженири Мултиленг“ (ДЕСС за повеќејазичен инженеринг) и “ДЕСС Традуктик е Жестион де л’Информасион“ (ДЕСС за превод со помош на информатички помагала и обработка на информации).
Од 1989, асоцијацијата СРИМ ЛАНГ3 ’О служи како врска меѓу студентите (претходните, сегашната и идните генерации) од една страна и претпријатијата, истражувачките лаборатории и големите меѓународни организации од друга.
Доследно на разнообразноста на профилите опфатени со овие две насоки, ние се ставаме во одбрана на основните човекови вредности како што се меѓусебната комуникација, почит, солидарност и мултикултурализам, единствени гаранции за сечиј развој и за здрава работна средина. Сите членови на СРИМ ЛАНГЗ’О ги споделуваат овие вредности како и чувството за заложба коешто би сакал да го поздравам во оваа прилика.
Во мое и во името на асоцијацијата ви посакувам пријатна посета на нашата веб страна.
Жан-Луј Гарсон
Претседател на СРИМ-ЛАНГЗ’О