Истражувачкиот центар за повеќејазичен инженеринг (Сантр д Решерш ан Енженири Мултиленг - С.Р.И.М.) организира постдипломски студии со професионална вокација (ДЕСС): насока Превод со помош на електронски помагала и обработка на информации (ДЕСС „Традуктик е Жестион де л Енформасион“) и насока Повеќејазичен инженеринг (ДЕСС „Енженири Мултиленг“). Овие плуридисциплинарни студии го опфаќаат полето на лингвистиката, преводот и новите технологии на информацијата (види статии во Ле Монд).
Опцијата Превод со помош на електронски помагала и обработка на информации инсистира повеќе на лингвистичите аспекти во области како што се превод, документација, речници и терминологија. Таа исто така предвидува информатички предавања адаптирани на потребите во овие области и на новите технологии на информацијата.
Опцијата Повеќејазичен инженеринг е повеќе насочена кон техничките аспекти од автоматската обрабoтка на природните јазици. Од неа излегуваат кадри како што се аналитичари и програмери на електронски помагала за екстракција и трансфер на знаењето. Оваа насока опфаќа настава по автоматска обработка на корпус, автоматска анализа на текстови (пребарување на информации, организирање на знаењето, терминологија), програмски јазици (Перл, Јава, ХМЛ) и претставување на знаењето.
Еден дел од предавањата се подеднакви за двете ДЕСС (Заеднички дел):
часови по лингвистика (текстуална лингвистика, лексикологија, семантика ...) коишто даваат преглед на теоретските основи и на сегашните проекти од областа на автоматската обработка на природните јазици;
часовите групирани во рубриката “ Информација и комуникација“ се однесуваат на методите за текстуална анализа во применет контекст (филтрирање на интернет, креирање на веб страни, комуникација, социолошки истражувања);
серија часови се посветени на апликациите на лингвистичкиот инженеринг (автоматски превод, морфосинтаксичка анализа, создавање на таксономии, терминолошка екстракција...);
студентите од двете ДЕСС можеа исто така да посетуваат часови по превод по руски и кинески.
Овде ќе ги најдете имињата на професорите дадени по азбучен ред со линкови кон нивните предавања.
Лингвистика
Текстуална семантика (семинар на Франсоа Растиер)
Лексикологија и лексикографија (Моник Слоѕиан)
Апликации од областа на документацијата, електронски корпуси и текстуалност (Бенедикт Пинсмен)
Когнитивна семантика (Маривон Абраам)
Инженеринг на знаењето (Бруно Башимон)
Претставување на знаењето и онтологии (Кристоф Рош)
Информација и комуникација
Семиотика на медиумите (Петер Штокингер)
Визуелна семиотика (Паскал Вајан)
Пребарување и филтрирање на незаконски содржини на интернет(Матје Валет)
Автоматска анализа на корпус и семиолингвистика (Жан-Максанс Грание)
Техники на обработка на информации (Ванеса Комбе, Елизабет Бресон)
Автоматска обработка на природните јазици и обработка на информации (Елиз Лорен)
Будност и раководење со проект (Силвен Артијан)
Апликации од областа на лингвистичкиот инженеринг
Истражувањата од областа на лингвистичкиот инженеринг во „Ксерокс“ (Фредерик Сегон)
Тоерија за изучување на странските јазици и настава со помош на компјутер (Ирина Иванова)
Помагала за издржлива морфолошка анализа (Жан-Пјер Шано)
Помагала и методи за анализа на научните и техничките информации( (Жан Роајоте, Клер Франсоа)
Статистички приод кон лингвистичките податоци (Клод де Лупи)
Една програма за екстракција на информации: „Софија 2.1“ (Лука Дини)
Веб и автоматска обработка на природните јазици (Тома Бовизаж, Мари Паские)
Автоматско преведување (Сандрин Булон)
Специјалзирана терминологија
Целта на овие часови е студентите да се стекнат со практично искуство во создавањето двојазична (француско/англиска) терминологија.
Пребарување информации на интернет (Хусем Асади)
Терминолошка екстракција и корпус(Дидие Буриго)
Превод
Со оглед на тоа што оваа година рускиот беше најзастапен јазик меѓу студентите, превод од руски беше организиран за студентите од двете ДЕСС:
Превод руско-француски (Владимир Соловиев)
ПРЕВОД И ОБРАБОТКА НА ИНФОРМАЦИИ
Деловен превод (Андре Шасиње, Мариел Сантони)
Технички и превод на правни текстови(Фредерик Ле Бер)
Француско-француски превод (Никола Верон)
Вовед во техниките на консекутивното толкување (Ирен Марковиц) Информатика
Информатика (Јурес Хафри и Хусем Асади)
Методологија во пребарувањето информации на интернет (Хусем Асади)
Кодирање и „ИЗО“-нормите (Мишел Ботен, Франсоа Штук)
Локализација и помагала за превод со помош на компјутер (Грациа Сантагати)
Терминолгија и речници
Методи и принципи на терминологијата (Лоик Депекер)
Терминологија и информации од областа на медицината (Пјер Звегенбом)
Работилница: информатика и речници (Сараре Малжаеј)
Комуникација
Комуникација во претпријатијата (Кристиан Мариет)
Обработка на информатички корпуси (Беноа Абер и Блаз Пери)
Екстракција на информации (Тири Поабо)
Автоматска обработка на корпус (Жан-Давид Ста)
Лексикографски бази на податоци (Емануел Картие)
Применливи софтверски компоненти во лингвистичкиот инженеринг (Фарид Серба)
користење со електронските документи (Жулиен Ниош)
Принципи на автоматска анализа на текстови
Системи за пребарување на информации (Давид Пјотровски)
Медицинска терминологија. Методи за автоматска анализа (Пјер Звегенбом)
Организација на знаењето (Патрик Мордини)
Семантички приод кон документарните пребарувања (Кристиан Маре)
Моделирање, програмирање
Програмирање во Јава (Фабрис Исак)
Создавање софтвер (Жил Блен)
Претставување на знаењето
Дистрибутивни системи (Орелиен Слоѕиан)
Повеќе за постдипломските студии